Friday, March 2, 2012

НЕГА И ПРОДУКТИ ЗА КОСА!

Убавината на една жена не е комплетна без убава коса.Затоа негата на косата е есенцијална! Како што секоја кожа е различна и и треба различна нега и третман, исто е и со косата. Некој има густа некој тенка, некој природна некој фарбана, некој тенко некој дебело влакно, и се тоа влијае на изборот на продукти.Иако повеќето ги знаат овие работи, сепак добро е да се споделат мислења , па да се смени нешто или да се воведе нешто ново;) Еве неколку мои совети. 


 Прво , миењето на косата треба убаво да биде испланирано, секојдневно миење на косата без посебна потреба, според мене е излишно. Маснотиите на скалпот колку и да не се убави за гледање , сепак имаат некое позитивно дејство, па така нивното претерано чистење е штетно за скалпот, исто како и за лицето, претерано миење не е препорачливо. Следно, топлината на водата со која ја миете косата е многу важно, врелата вода е шок за скалпот, најубава е умерената температура, дури за посјајна коса советуваат и студена вода. Масирањето на скалпот е многу важно и го поттикнува растот на косата.:) Во врска со количината на шампон , јас цел живот ставам по два пати и тоа ми е сосем доволно. Ако со второто нанесување се добие убава пења , натанамошно ставање не е потребно. Дури и ако имам потреба за почесто да ја измијам , ставам и по еднаш шампон.  Потоа ставам балзам, маска или некој третман. Маска или третман ставам еднаш неделно и тогаш не ставам балзам. Колку  и тие да се за подобрување на косата, гушењето на косата со повеќе продукти не е препорачливо. После миењето , најдобро е да се остави косата во пешкир да ја впие водата и кога ќе биде малце исушена да се исчешла. Ако имате коса која многу се заплеткува обавезно користете балзам или маска за да ви се олесни чешлањето и користете чешел со поголеми запци. Ако имате проблематична коса за средување и најлесно справување со неа ви се феновите и пеглите за коса ОБАВЕЗНО користете спреј за заштита од топлина, ако сакате да имате здрава коса. Особено ако имате тенко влакно кое лесно се оштетува , ова ви е вистинско решение. Кога немате посебна потреба од стилизирање на косата, моја препорака е да си ја оставите сама да се исуши, или барем на неколку миења правете пауза од употреба на средства за стилизирање на косата , само убаво исчистете ја и потоа можете да направите плетенка, да ја фатите . Покрај тоа што ќе одморите , ќе внесете и мала промена :) Ако имате суви врвови ви препорачувам силиконски капки или масло од кокос. Маслото од кокос ја прави сјајна и го забрзува растот ( бар така сум читала ) , но се употребува во мали количини. На сува коса може да ставите малце на врвоите или еднаш неделно , месечно , ставете на цела коса и на скалпот , но не многу , оставете да постои неколку саати и убаво измијте ја.


Шампони! Најважно е да се одбере соодветен шампон за вашата коса! Запознајте ја вашата коса и знајте што и треба и после посетете ги продавниците и убаво читајте ги декларациите.:) Нешто што го научив низ годините е тоа дека косата се заситува од исти шампони и најдобриот шампон по некое време треба да се замени. Промените се добри за косата! L’Oreal ми е се незаменливи , посебно линијата Repair 5 , ја обновува косата и и дава здрав изглед. Shauma шампоните се просечни, ги сакам оние овошните, најчесто ги користам во лето  и сум прилично задоволна, само што косата многу брзо ми се заситува од нив и морам да менувам. Големо разочарување ми беа SYOSS , ги рекламираа како професионални бла бла.. и ги земав, ај да ги пробам. Прво бев презадоволна, ми беше косата премека, сјајна, лесна за обликување.. но по месец два , целиот скалп ми беше нафрлан, исто така и грбот бидејќи имам долга коса. Одредено време не го користев и ситуацијата се смири, и решив да го пробам повторно надевајќи се дека не било до него, но се излажав. Шампон кој никогаш не ме разочарал е Head and Shoulders, го користев оддамна кога имав проблем со перут и многу ми помогна. Сега го користам од време на време, по потреба. Има јака формула, што многу нежен скалп неможе да ја поднесе, но оние кои не се толку нежни мислам дека ќе им биде одличен.

Маските од Planet Spa линијата на AVON ми се омилени, таа од африкански шеа путер мириса прекрасно! Исто така добра е и таа од медитеранско маслиново масло, многу е хидратантна и ја прави косата многу мека. Линија со која скоро се запознав е COLLISTAR , италијански бренд кој има широка линија на продукти за коса, лице.. маската која е користам мириса прекрасно, ја обновува косата и скалпот и ја потхранува, уште при првото нанесување видов голема разлика. Исто така ми се допаѓаат GLISS спрејовите , имам доста позитивни коментари слушано за нив од многу луѓе.

Од линијата Advance Techniques на AVON , има повеќе продукти кои ми се допаѓаат, едниот е Age retreat Revitalising Treatment. Овој обновувачки третман обично го нанесувам на цела коса и скалп и го оставам 10 мин да постои и потоа го плакнам. Следен продукт е Dry ends serum , мислам дека добро е познат овој серум за суви врвови , го користам со години и сум презадоволна Ако балзамот и маската не се доволни, врвовите ги омекнувам со овој серум. :) Последно и според мене најважно (ако често ја горите косата со фен,преса.. ) е спрејот за заштита од топлина Heat protection styler, може да се нанесе на мокра коса па да се суши со фен или на сува коса па потоа да се користи преса.Колки и да се користат сите нагоре наведени продукти, топлината го суши влакното и ништо неможе да го обнови целосно уништеното влакно, освен ако предходно не се заштити! :)



Се надевам дека беа корисни моите совети и предлози! Ако имате некоја сугестија, коментар, критика, прашање.. слободно кажете :) xx


2 comments:

  1. Дефинитивно Loreal се едни од најдобрите, и од продуктите кои си ги навела од Avon серумот е фантастичен. Syoss го имам пробгано и не е лош, јас немав проблем со исфрлање но го рекламираат премногу а далеку е од професионален шампон. Ме интересира дали знаеш некој препарат за коса (квалитетен ) за обликување на косата , се нанесува пред фенирање , пеглање, виткање со цел косата да остане подолго во таа форма која ќе ја направите. Досега немам најдено некој добар па ако знаеш некој добар препорачај ми без разлика на цената.И продожи да пишуваш на македонски супер си.
    Поздрав и погледни го и мојот блог ;)

    http://tami-s.blogspot.com/

    ReplyDelete
    Replies
    1. Мило ми е што ти се допаѓа, ќе го посетам и твојот блог = ) Продукт за пред фенирање и слично незнам... може да пробаш со некоја пена за коса, сум приметила дека некои фиризерки тоа го прават, но ќе разгледам ако дознаам нешто ќе ти кажам =) Јас обично ставам лак за коса, тафт го користам и незаменлив ми е.

      Delete